недела, 19 мај 2024
Претседателски избори 2024 - Прес конференција на ДИК

Даштевски: До 9 часот мала излезност на изборите, нема проблеми на гласачките места

Претседателот на Државната изборна комисија – ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција на комисијата во 9.30 часот соопшти дека има податоци за излезноста до 9 часот само за 23 отсто од гласачките места на денешното гласање од првиот круг на претседателските избори. Гласале само 3,85 отсто од избирачите на тие гласачки места. Проблеми и нарушувања на изборниот процес нема утрово, рече Даштевски.

Објавено на

часот

Сподели

„До 9 часот, според податоците на ДИК, во 23 отсто од избирачките места, гласале 15.487 илјади гласачи, што изнесува 3,85 oтсто вкупно запишаните 402.487 илјади избирачи“, рече претседателот на ДИК.

Тој информира дека се поднесени 12 приговори за заштита на лично гласачко право, кои ќе бидат проверени во списоците на ДИК и доколку има повреда, ќе бидат известени одговорните лица на гласачките места и тие лица ќе можат да го остварат гласачкото право.

Во однос на прашањето на новинарите за мали доцнења поради технички проблеми на определени гласачки места, Даштевски рече дека имало мали проблеми со апаратите за идентификација на гласачите, најчесто заради кабел или електричното напојување.

„Таквите проблеми во од се решаваат, имало и ќе име помал број на такви проблеми“, рече Даштевски“, рече претседателот на ДИК.

На прашање на странски новинар дали излезноста до 9 часот поголема или помала во однос на претходниот прв круг од минатите претседателски избори, Даштевски немаше одговор.

„Не се сеќавам и немам такви податоци пред себе. Но зошто ви е тоа битно?“, рече претседателот на ДИК.

„Секако дека ми е битно“, му одговори новинарот.

Даштевски потсети дека овој изборен ден го следат 915 домашни и 544 меѓународни набљудувачи, како и 58 странски новинари. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани може да постават прашање или да пријават неправилности до ДИК. Во функција е и видео кол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор може да постават прашање или да пријават неправилности.

Даштевски ја најави слердната прес-конференција на ДИК за 13:30 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ