сабота, 27 јули 2024

Дарвин Нуњез во 99. минута му донесе победа на Ливерпул (ВИДЕО)

Со гол на Дарвин Нуњез во 99. минута од натпреварот Ливерпул со 1-0 славеше на гостувањето кај Нотингем Форест, Челси одигра 2-2 кај Брентфорд, Тотнем со пресврт во финишот го совлада Кристал Палас.

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул се мачеше да дојде до трите бода кај Нотингем форест, победата се случи кога сите се откажаа од неа.

Течеше 99. минута кога по асистенција од Мекалистер, Дарвин Нуњез постигна гол за триумф од 1-0.

Челси се спасуваше од пораз на гостувањето кај Брентфорд, мечот заврши 2-2.

Сините добро влегоа во натпреварот, со гол на Џексон во 35. минута поведоа со 1-0, но работите се променија во вториот дел.

Брентфорд со голови на Расмунсен и Виса направи комплетен пресврт и поведе со 2-1, сепак Дисаси во 83. минута донесе бод за Челси поставувајќи ги конечните 2-2.

Тотнем до 77. минута имаше негатива на домашен терен против Кристал Палас кој поведе со гол од слободен удар на Езе.

Изедначи Тимо Вернер со својот прв гол за Тотнем, а во 80. минута Ромеро погоди за комплетен пресврт, осум минути подоцна Сон ги постави конечните 3-1.

И Вест Хем со пресврт дојде до победа, тие на гостински терен славеа кај Евертон со 3-1.

Фулам со 3-0 беше подобар од Брајтон, а со истиот резултат Њукасл го совлада Вулвс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ