вторник, 10 декември 2024

Дарко Костадиновски е избран за претседател на Уставниот суд

Судијата Дарко Костадиновски е избран за претседател на Уставниот суд, објави судот. Со тоа заврши неизвесноста откако во четвртокот, петокот и во понеделникот судиите не усеаја да изберат наследник на Добрила Кацарска чиј мандат заврши на 2 јуни. Kацарска останува уставен судија, а тригодишниот мандат на Костадиновски како претседсател на Уставниот суд започнува денеска.

Објавено на

часот

Сподели

Во четвртокот кога и започна постапката за избор на претстедател на Уставниот суд, се гласаше за судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева. Во три обиди двете кадидатки не успеаја да добијат најмалку шест гласови од деветте судии, односно двотретинско мнозинство. Обидите да се изгласа претседател продолжија и во петокот, со истиот исход, 5 гласови за Васиќ Бозаџиева и 4 за Павловска Данева. Во новиот обид вчера, по истиот исход, Павловска Данева се повлече од изборот, но Васиќ Бозаџиева не ги доби потребите гласови. Потоа се гласаше за судијата Осман Кадриу, но и тој не го доби потребното мнозинство гласови, односно доби 5 гласови.

Како што информираат од Уставниот суд, денеска најпрво се гласаше за Осман Кадриу, кој не ги доби потребните шест гласа, а потоа, во вториот изборен круг за Кадриу и Дарко Костадиновски. Потребниот број гласови ги добил Костадиновски. Неговиот тригодишен мандат како претседател на Уставниот суд започнува денеска.

 

Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, од областа на меѓународното право. Пред да биде избран за уставен судија беше државен советник за надворешна политика во кабинетот на тогашниот претседател на Македонја, Ѓорге Иванов.

Од Уставнот суд наведуваат дека Дарко Костадиновски е роден на 27.11.1974 година во Скопје. Магистрира на темата „Меѓународната арбитража во современите меѓународно политички односи (на граница помеѓу правото и политиката)”, а докторирал на темата “Советодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата: правни последици на советодавните мислења на судот”.

Од 2001 година до јануари 2018 година, работи во кабинетот на претседателот на Република Македонија. До 2010 година работи како асистент на советникот за надворешна политика, и раководител на одделението за ЕУ и НАТО.

Од 2010 до 2018 година е државен советник за надворешна политика.

Од 2015 до јануари 2018 година, ја извршува должноста пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.

Костадиновски има земено учество на бројни меѓународни и регионални самити, конференции и форуми , од областа на меѓународното право особено во рамките на Обединетите нации и Советот на Европа, како и дипломатска академија и обука во рамките на “World learning”, во САД.

Инаку, причината за поделеноста на гласовите, од Уставниот суд ја објаснуваа со тоа дека судиите гласаат по сопствено убедување и дека гласањето „за“ или „против“ е нивно лично убедување.

Од службата за односи со јавноста велат дека во деновите на гласање за претседател на судот, Уставниот суд „непречено работи, прима предмети и постојните предмети тековно се работат, а предметите се поделени на судии и советници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ