среда, 29 мај 2024

Дарјан Мирчевски – македонски математички талент

Дарјан Мирчевски, ученик во 7-одделение постигна два нови големи успеси квалификувајќи се во финалните рунди на меѓународни натпревари по математика.  

Објавено на

часот

Сподели

Дарјан во март учествуваше на IMEC Olympiad (International Mathematics Exam Center Olympiad) каде што освои Златна награда и обезбеди учество во финалната рунда која ќе се одржи од 12 до 17 август во Лондон. На Тashkent International Mathematics Olympiad (TASIMO) обезбеди пласман во финалната рунда на оваа математичка олимпијада која ќе се одржи од 14 до 18 мај во Ташкент.  
Сепак, од финансиски причини, Дарјан годинива најверојатно ќе има можност да учествува само во финалната рунда на Коперникус олимпијадата која од 14 до 18 јули ќе се одржи на Колумбиа универзитетот во Њујорк каде што ќе има можност да се натпреварува со 1.000 млади таленти по математика од 30 држави. Директното учество во финалето на овој престижен натпревар го обезбеди преку Internationaln MathChallenge во Тајланд, каде што освои Сребрене награда во конкуренција на над 8.000 деца од 88 држави. 
Претходно, Дарјан освои уште една Сребрена награда и тоа на меѓународниот 
натпревар Fall StemCo Mathematics Primary Senior од Сингапур, како и пласман во 
финалето на RSM International Math Contest во конкуренција на 20.000 учесници, а 
во финалната рунда освои пофалница. 
Во рамки на домашните математички натпреварувања, Дарјан Мирчевски 
оваа година освои први награди на општинскиот и регионалниот натпревар по 
математика организиран од Сојузот на математичари на Македонија.   
Оваа е исклучително успешна година во која освои: златна награда на меѓународен натпревар, две сребрени награди на меѓународни натпревари, две први награди на домашни натпревари и три учества во финални рунди на меѓународни натпревари.
Следува натпреварот на Коперникус олимпијадата на Колумбија универзитетот. 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ