сабота, 27 јули 2024

Дарио Ивановски победи на „Охрид трчат“

Македонскиот олимпиец, Дарио Ивановски, победи на главната трка од 21 километар на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат“ што се одржа на улиците во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Дарио делницата од 21 километар ја мина за еден час, 10 минути и една секунда, зад него со време од 1:14,00 заврши Михаил Валковски, а трет беше Николај Николов, двајцата од Бугарија.

Во женска конкуренција победничка беше Милјана Ристиќ со време од 1:30:01. Второто место и припадна на Јована Шубатлија од Србија (1:30:40), а последна на подиумот се пласираше Фросина Михајловска (1:31:35).

Мирослав Спасов од Бугарија победи на пет километри со време од 18:11 минути, македонските тркачи Александар Арсов (19:16) и Ријат Шеипи (19:32) завршија на второто и третото место.

Вкупно годинава на „Охрид Трчат“ учествуваа 2.200 натпреварувачи од 31 земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ