понеделник, 27 мај 2024

Даријан Сотировски поднесе претставка против Општина Тетово и градоначалникот Касами

Даријан Сотировски, актуелен директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, кој е жител на Тетово преку Фејсбук објави дека поднел претставка до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, против Општина Тетово и градоначалникот Биљал Касами поради настанот кој беше организиран од локалната власт со цел да се презентира идејата за реконструкција на градскиот стадион на која имаше ревијален натпревар и настап на музичари.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека јас и жителите со македонска национална припадност сме дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик. Имено, како граѓани имаме рамноправно право за политиките, проектите и настаните на Општината во кои учествуваме преку плаќањето даноци да бидеме информирани на македонски јазик. На настанот да се чувствуваме добредојдени, нашата култура да е подеднакво претставена, покрај останатите да има изведувачи и Македонци, водителот да говори и на македонски јазик, да се виори македонското знаме и да се интонира македонската химна. На ревијалниот натпревар да учествуваат фудбалски ветерани и Македонци и да бидат удостоени и македонските фудбалски клубови“, се вели во објавата на Сотировски.

Според Сотировски, постапувањето на општината е дискриминациско и ги сегрегира граѓаните.

„Убеден сум дека големото мнозинство жители на Тетово од различна припадност се согласуваат дека градот може да оди напред само кога е пријатно место за живеење на секој еден човек. Но, мора да се согласиме дека тука има и нелуѓе, и нив мора енергично и постојано да ги разобличуваме“, вели Сотировски во објавата.

На 12 април, Општина Тетово презентираше нов изглед на Градскиот стадион, а притоа градоначалникот самиот рушеше дел од трибините. Покрај видео презентацијата на новиот изглед на стадионот имаше ревијален фудбалски натпревар и настап на музичари само на албански јазик.

Во ноември 2023, Општина Тетово преку јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ го распиша тендерот, по што договорот со фирмата се направи во март 2024 година. Предмет на договорот за јавна набавка е со проценета вредност од околу 600 милиони денари или околу 10 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ