петок, 18 октомври 2024
Директорот на ЦУК за состојбата на повредениот Данец

Данскиот скијач бил нападнат од мечката зашто се нашол блиску до нејзините мечиња (ФОТО+ВИДЕО)

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска изнесе детали за тоа како се случи над терените за скијање на Попова Шапка мечка да нападне дански турист. Тој бил дел од група на фрирајдери, скијачи кои овој спорт го практикуваат по слободни, произволни  и необележани снежни терени. Данецот мечката го нападнала затоа што тој се нашол во близина на нејзините две мечиња. Мечињата се гледаат на фотографиите подолу во текстот.

Објавено на

часот

Сподели

Ангелов рече дека групата утрово со ратраци била пренесена кон планинските врвови откаде било започнато спуштањето на скии.

Данскиот скијач имал несреќа да се најде во близина на две мали мечиња и затоа мечката тргнала да ги заштити и нападнала.

По пријавата на несреќниот настан навремено е реагирано и туристот, кој бил изгребан од канџите и каснат по ногата, е пренесен во болница.

Директорот на ЦУК вели дека повредите се санирани во болница и верува дека нема да има последици по здравјето на данскиот турист.

Во тетовската болница велат дека ќе бидат во контакт со повредениот скијач заради следење на санираните повреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ