сабота, 27 јули 2024

Данскиот парламент го отфрли предлогот за признавање на палестинската држава

Данскиот парламент денеска го отфрли предлогот за признавање на палестинската држава, поддржувајќи го ставот на владата дека не се создадени потребните услови и покрај одлуката на Шпанија, Ирска и Норвешка да ја поддржат независноста, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел, кој се најде се поизолиран по повеќе од седум месеци конфликт со палестинските милитанти на Хамас, кој владее со Газа, бурно реагираше на европските потези.

Данскиот закон беше предложен од четири левичарски партии.

Саша Факс, пратеничка од партијата Алтернатива, рече дека признавањето на палестинската држава е единствениот начин да се постигне траен мир на Блискиот Исток.

„Огромното мнозинство дански политичари се согласуваат дека нема да има траен мир на Блискиот Исток без решение со две држави“, рече таа во парламентот, додавајќи дека признавањето го гледа како начин да им се дадат права на обичните Палестинци.

Министерот за надворешни работи на Данска Ларс Локе Расмусен претходно изјави дека данската влада не може да ја признае палестинската држава бидејќи нема никаква функционална власт или контрола врз сопствената територија.

Расмусен не учествуваше на дебатата во вторникот, но рече дека се надева дека Данска еден ден ќе може да ја поддржи палестинската држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ