петок, 26 јули 2024

Дански затвореници во Гњилане, Приштина мора да го реновира затворот

Затворениците кои Данска, во согласност со договорот кој беше потпишан со Косово минатиот месец, ќе ги испрати во затворот во Гњилане се лица кои се осудени на депортација, истакна данското министерство за правосудство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Според потпишаниот договор, Данска ќе го изнајми затворот во Гњилане. Затворот има 300 места. Овој затвор е предвиден за лица осудени на депортација“, се наведува во соопштението на данското министерство, пренесува Радио слободна Европа.

Според договорот, Данска нема да испрати затвореници осудени за тероризам и воени злосторства, ниту затвореници со дијагноза за сериозни ментални нарушувања.

Граѓанските здруженија на Косово и во Данска изразија загриженост поради можни кршења на правата на затворениците, и од Косово и од Данска.

„Според договорот, затворениците мора да служат казна под исти услови како што би служеле во дански затвор“, наведе данското министерство.

Министерството соопшти дека од таа причина затворот во Гњилане мора да се реновира пред да стигнат затворениците, а тоа е 2026 година.

„Косовските власти мора да обезбедат казните да се извршуваат во согласност со меѓународните обврски на Данска. Данска е должна тоа да го обезбеди“, се наведува во соопштението.

Косово од овој договор ќе добие околу 200 милиони евра, кои ќе ги инвестира во казнено-поправната служба и обновлива енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ