сабота, 11 јануари 2025

Дански медиуми: Синот на Трамп најмил бездомници за да му бидат поддржувачи на Гренланд

Доналд Трамп Џуниор, син на новоизбраниот претседател на САД, и неговите пријатели, наводно, регрутирале луѓе во Гренланд да глумат поддржувачи на Трамп во видеата во замена за бесплатен ручек во скап хотел.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Данското радио ДР објави дека од повеќе извори слушнало дека во видео материјалите, снимени за време на кратка посета на Гренланд, може да се видат бездомници и други луѓе кои често се задржуваат пред продавницата што е веднаш до хотелот. „Тоа се бездомници и стари луѓе кои одеднаш јадат во ресторан во кој никогаш досега не биле“, изјавил за ДР долгогодишен жител на главниот град Нук.

Сè што требаше да направат е да носат капи на кои пишува „Направете ја Америка повторно голема“ и да учествуваат во видеата, вели ДР. На снимката објавена од весникот Екстра Бладет се гледа како луѓето на Трамп им приоѓаат на минувачите на улица и им подаваат капи.

Во објава на социјалната мрежа Трут соушл, идниот и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп им се заблагодари на жителите на Гренланд што биле „толку љубезни“ со неговиот син и членовите на неговата екипа. Како што беше претходно објавено, Трамп Џуниор пристигна во Гренланд пред три дена за да сними подкаст.

На прес-конференција во вторникот, денот кога неговиот син го посети Гренланд, Трамп рече дека нема да исклучи воен или економски притисок да го стави под контрола најголемиот остров во светот.

Неговите изјави беа сериозно сфатени во Данска, која управува со Гренланд, но и во други европски земји од кои беа упатени критики кон новоизбраниот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ