понеделник, 6 јануари 2025

Данската полиција истражува извештај за беспилотни летала над пристаништето Кеге

Данската полиција денеска соопшти дека истражува извештај за забележани 20 беспилотни летала над пристаништето Кеге, југозападно од Копенхаген.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата во соопштението пренесено од данското радио изјави дека кога полицајците пристигнале на местото во петокот навечер, можеле да видат четири големи беспилотни летала над пристаништето во градот Кеге, околу 40 километри југозападно од Копенхаген.

Полицијата била повикана од очевидец кој тврдел дека видел околу 20 беспилотни летала кои подоцна си заминале со голема брзина.

За инцидентот е известена и данската разузнавачка служба ПЕТ, соопшти полицијата, додавајќи дека се обидуваат да го утврдат вкупниот број на беспилотните летала и кој ги поседува, бидејќи немало дозволи за летови со беспилотни летала во областа во моментот кога било пријавени дека биле забележани.

Полицијата истражува и други извештаи за забележани летала поради загриженоста за руските хибридни напади забележани во некои европски земји во услови на руска агресија против Украина.

Инцидентот се случува во услови на загриженост во нордиските и балтичките земји за потенцијална руска саботажа, бидејќи во последните месеци беше откриено оштетување на голем број подморски кабли, вклучувајќи го и подморскиот кабел за напојување меѓу Финска и Естонија.

Официјални претставници на ЕУ веруваат дека танкер од руската „флота во сенка“, група бродови што се користат за извоз на руска нафта за да се заобиколат санкциите воведени по почетокот на инвазијата на Украина, може да биде одговорен за штетата.

Беспилотни летала од непознато потекло во последниве години постојано се забележани над електрани и аеродроми во Скандинавија, властите не можеа да утврдат кој управува со нив.

Во септември, операциите на аеродромот Стокхолм-Арланда – клучен скандинавски транспортен центар – беа привремено прекинати во текот на ноќта поради неколку беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ