сабота, 19 октомври 2024

Данската полиција истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген

Данската полиција соопшти дека истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во северното предградие на Копенхаген.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Никој не е повреден и спроведуваме почетна истрага на местото на настанот“, соопшти полицијата во Копенхаген на социјалната платформа Икс.

„Се истражува можна поврзаност со израелската амбасада лоцирана во областа“, велат тие.

Според извештаите на локалните медиуми, голема област била опколена со силно полициско присуство.

Инспекторите биле видени облечени во комбинезони додека го чешлале местото на настанот во потрага по докази, објави весникот Б.Т.

Израелската амбасада не беше веднаш достапна за коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ