среда, 23 октомври 2024

Данска залихите артилериска муниција му ги подарува на Киев

Данска ќе ја достави целата артилериска муниција од своите залихи во Украина, изјави денеска премиерката Мете Фредериксен.

Објавено на

часот

Сподели

„Русија не сака мир со нас. Тие го дестабилизираат западниот свет од многу различни агли, во регионот на Арктикот, на Балканот и во Африка. Со дезинформации, сајбер-напади, хибридна војна и отворената војна во Украина“, рече таа.

„Ако ги прашате Украинците, тие бараат муниција, артилерија, сега, веднаш. Данска одлучи да ја донира целата наша муниција од залихите“, рече премиерката на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Таа додаде дека Европа сè уште има залихи на муниција, пишува Киев индипендент.

„Не станува збор само за производство, бидејќи имаме оружје, имаме муниција, имаме противвоздушна одбрана што не мораме да ја користиме во моментов, која треба да ја испорачаме во Украина“, рече Фредриксен.

Артилериската муниција е најважниот вид муниција за Украина во оваа фаза од војната против Русија, бидејќи секојдневно се користи на голем број локации каде што се водат борби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ