сабота, 18 јануари 2025

Данска телевизија ги нападна македонските навивачи, Лазаревски им врати

Данската телевизија „ТВ2“ фокусот на извештајот за мечот меѓу Македонија и Холандија го стави на македонските навивачи кои во текот на натпреварот реагираа на лошото судење на арбитрите од Данска, Мадс Хансен и Јеспер Мадсен.

Објавено на

часот

Сподели

„ТВ2“ за однесувањето на македонските навивачи рече дека е неконтролирано, а за тоа побара и потврда од македонскиот пикер, Милан Лазаревски. Потврдата не ја добија.

„Можеби е различно и невообичаено кај вас во Скандинавија, но тука тоа не е ништо необично. Не е секогаш најпријатно, но не е ни толку драматично како што изгледа од страна“, изјави Лазаревски.

Тие дури го прашаа дали е подобро ваквите навивачи да бидат отсутни од трибините, но вардарецот повторно им го кажа тоа што не сакаат да го слушнат.

„Секако дека ги сакам на секој меч. Македонските навивачи секогаш ни даваат поддршка, и ако треба нешто да се дискутира, тоа ќе го направиме приватно, не јавно. Никогаш нема да ги критикувам“, дополни пикерот на Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ