сабота, 27 јули 2024

Данска склучи десетгодишен безбедносен договор со Украина

Данска објави денеска дека постигнала десетгодишен безбедносен договор со Украина, по сличните кои неодамна ги потпишаа Берлин, Лондон и Париз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Данската премиерка Мете Фредериксен и министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјавија денеска дека Данска влегува во десетгодишен договор со Украина за континуирана воена поддршка и за безбедносната ситуација во Европа и најавија нов пакет воена помош за Украина од 247,4 милиони долари, пренесе Ројтерс.

„Неопходно е да се нагласи дека за тие (Украина) да успеат на бојното поле, сега мора да дојдат повеќе донации. Во ова светло, продолжуваме да даваме дополнителни дански донации со надеж дека повеќе земји ќе го сторат истото, не за шест или 12 месеци, туку сега кога потребата е многу, многу голема“, рече премиерката Мете Фредериксен.

Средствата за новата донација ќе бидат земени од фондот што Данска го формираше за цивилни, воени и деловни донации за Украина во март минатата година.

Неодамна Велика Британија, Германија и Франција потпишаа десетгодишни безбедносни договори со Украина.

Данска е четвртиот најголем донатор на воена помош за Украина, покажуваат неодамнешните податоци на германскиот Институт за светска економија во Кил.

„Данска е една од земјите што најмногу ја поддржува Украина и јас сум горда“, изјави данската премиерка пред новинарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ