сабота, 27 јули 2024

Данска почна да регрутира жени за војска

Данската влада најави дека планира да регрутира жени за воената служба, што ја прави една од само неколкуте земји каде жени служат во вооружените сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Пообемното регрутирање кое вклучува целосна родова рамноправност мора да придонесе за решавање на одбранбените предизвици, националната мобилизација и надополнување на нашите вооружени сили“, рече министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен на прес-конференција, пренесува Политико.

Жените во Данска сега можат доброволно да се пријават за служење воен рок и минатата година сочинуваа околу една четвртина од националната војска.

Данска сега е трета земја во Европа која воведе регрутирање за жени, откако тоа го направија Норвешка и Шведска во 2015 и 2017 година, соодветно.

Според официјалните податоци, данската војска има меѓу 7.000 и 9.000 професионални војници, со исклучок на регрутите кои поминуваат основна обука. Задолжителниот воен рок важи за мажи постари од 18 години, но бидејќи има доволно доброволци, не се регрутираат сите млади луѓе, туку се „извлекуваат од барабан“ кои ќе одат на воена обука.

Зборувајќи заедно со Поулсен, премиерката Мете Фредериксен рече дека Данска ќе го продолжи воениот рок и за мажи и за жени од четири на 11 месеци и ќе инвестира во копнените системи за воздушна одбрана и пешадиски бригади до 6.000 војници.

Данска е основач на НАТО и минатата година потроши околу 1,4 отсто од бруто домашниот производ за одбрана, но ќе ги зголеми трошоците за одбрана за 5,4 милијарди евра во следните пет години за да ја исполни целта на НАТО од два отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ