сабота, 27 јули 2024

Данска ќе го решава проблемот со пренатрупаните затвори со испраќање осуденици во Приштина

Приштинските власти ѝ изнајмиле затвор на југот на Косово на Данска која таму ќе ги префрла своите осуденици за да го ублажи притисокот врз своите пренатрупани затвори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Владата го одобрила законот (кој собранието го отфрлило) врз основа на кој 300 ќелии во Гњилане ќе ѝ бидат изнајмени на Данска на 10 години по цена од 217 милиони долари, пренесува Фокс њуз.

Тие средства наводно ќе бидат инвестирани во затворите на Косово во проекти на обновлива енергија.

Данска нема да испраќа осудени за тероризам или воени злосторници, како ни ментално заболени затвореници. Со затворот ќе управува Данец во соработка со двајца локалци од кои еден ќе мора да биде Албанец.

Затворскиот систем на Косово има капацитет од 2.800 места, но не се знае колку се слободни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ