Поулсен им рече на локалните медиуми дека Копенхаген ќе потроши најмалку 1,5 милијарда долари за пакет мерки чија цел е зголемување на данското воено присуство во Гренланд. Пакетот вклучува два патролни чамци, две беспилотни летала со долг досег, две екипи кучешки запреги и средства за надоградба на еден од цивилните аеродроми на територијата за сместување на борбените авиони Ф-35.
„Долга низа години не вложувавме доволно во Арктикот, сега планираме поголемо присуство”, рече тој.
Пред два дена Трамп објави на социјалните мрежи дека „заради националната безбедност и слободата низ целиот свет, Соединетите Американски Држави сметаат дека сопственоста и контролата на Гренланд се апсолутна потреба”.
Трамп даде слични коментари за време на својот прв мандат, нудејќи да го откупи Гренланд од Данска, што би било, како што рече, “всушност… голема зделка со недвижнини”.
Поулсен рече дека одлуката за зголемување на воената потрошувачка за Гренланд е однапред планирана и дека е “иронија на судбината” што е објавена веднаш по Трамповите коментари.
Премиерот на Гренланд Муте Егеде луто одговори на Трамповиот пост. „Гренланд е наш. Не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба. Не смееме да ја изгубиме нашата долга борба за слобода”, рече тој, пред да додаде дека ја поздравува зголемената трговија и соработка со САД.
Гренланд доби самостојни “колонии” од Данска во 1979 година, иако за неговата одбрана и надворешна политика и понатаму се одлучува во Копенхаген. Околу 80 отсто од островот е покриено со дебела ледена покривка, а две третини од неговата територија лежат над Арктичкиот круг. Гренланд е дом на голема база американски вселенски сили, која е најсеверниот американски воен објект на светот.
Стекнувањето контрола над Гренланд драматично би го проширило американскиот пристап кон Арктичкиот океан. Во моментов 50 отсто од арктичкиот брег е руска територија, а регионот е од клучно стратешко и суверено значење за Москва.
Трамп не е првиот претседател на САД што предложи купување на Гренланд. Оваа идеја прв ја изнесе Ендру Џонсон во 1860-ите години. Џонсон ги заврши преговорите за купување на Аљаска од Русија за 7,2 милиони долари во 1867 година.