Данска ќе се сретне со Франција во борбата за златото, вечерва избраниците на Јакобсен ја совладаа Германија со 26-29.
„Панцерите“ беа рамноправен противник само во првото полувреме, постојано беа во водство, на моменти имаа и +3, и на пауза заминаа со предност од 14-12.
Но Данска наметна ритам во вториот дел, брзо ја анулираше негативата и се одлепи на пет гола (21-26). Завршницата од мечот ја одигра рутински, не дозволи изненадување и славеше со 26-29, за прво финале на Европско првенство после 10 години.
Хансен, Јакобсен и Питлик со по пет гола беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Усцинс со ист број погодци беше најпрецизен кај Германците.