сабота, 19 октомври 2024

Даночници го заплениле стадионот на Пуебла!

Објавено на

часот

Сподели

Ретко кога се случува еден клуб да го загуби својот стадион поради неплатен данок, особено кога ќе се потенцира дека тоа се случило во Мексико. Земјата е позната по наркокартелите, големиот криминал и непочитувањето на законите.

Пуебла остана без инвентар на стадионот „Каутемок“, затоа што даночниците однесоа сè што е вредно, од компјутери, топки, па до клупскиот автобус. Клубот ја осуди како разбојничка акција на даночната управа, која наплаќа неплатен долг од 2007 година.

„Неверојатно е. Ни го запленија стадионот“, напишал на Увитер американскиот репрезентативец Бисли.

Најинтересно е што денеска Пуебла ќе може да влезе на својот стадион за да одигра меч. Инаку за овој клуб своевремено во сезоната 1998/99 играше поранешниот македонски репрезентативец Виктор Треневски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ