сабота, 27 јули 2024

Даниел Редклиф не го бива за љубовни средби

Објавено на

часот

Сподели

21-годишниот глумец, кој е во врска со Рози Кокер, која ја запозна на снимањето на „Хари Потер и реликвиите на смртта“ пред две години, признава дека немал поим како да се однесува на нивните неколку први средби.
„Ги мразев таквите средби, затоа што не ме бива! Со Рози не знаев што е пригодно, како на пример на која средба треба да ја бакнам. Тргнав да ја бакнам Рози и во последен момент се уплашив и по грешка ѝ го бакнав вратот, што е прилично интимно место за бакнување на втора средба. За среќа, тоа на неа ѝ беше прилично смешно“, изјави тој за списанието Пипл.
Иако Даниел тврди дека „не е лесен за сакање“, додава дека никогаш не бил посреќен од сега со Рози. „Има моменти кога сум одлично момче, но има моменти и кога сум тотално неупотреблив. Постојано правам неред, не престанувам да зборувам. Се опседнувам со одредени нешта (фантази фудбал, во моментов). И таа ме слуша, ме сака поради мојата необичност, мојата настраност – сите нешта што јас ги мрзам кај самиот себе. На крајот на краиштата, мислам дека тоа е важното – да имаме некого во животот што нѐ прави посреќен отколку што сме замислувале дека ќе бидеме“, вели тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ