четврток, 26 декември 2024

Данева почна со работните обврски во Уставниот суд

Ана Павловска-Данева денеска ги презеде своите работни обврски како уставен судија, соопшти Уставниот суд, кој со нејзиниот избор во Собранието почна да функционира во полн состав со вкупно девет судии.

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај средбата со претседателката на Судот, Добрила Кацарска, судијата Павловска-Данева ги запозна судиите и вработените во службата, по што активно се вклучи во тековните ангажмани и активности во Судот“, наведува Уставниот суд во соопштение.

Согласно Уставот, мандатот на Павловска-Данева како уставен судија трае девет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ