„Горда сум што како градоначалник на Град Скопје и дел од раководството на глобалната мрежа на градоначалници, Скопје во ноември ќе биде домаќин на повеќе од 100 градоначалници од САД, Европа, Азија, Блискиот исток, Африка и што како платформа ќе почнеме со заеднички проекти за надминување на предизвиците со кои се соочуваме, особено преку соработка за грижата кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и инфраструктура“, истакна градоначалничката Арсовска при посетата на САД.
Во Вашингтон Арсовска имаше средба со амбасадор Нина Хачигиан, специјален претставник на Стејт депарментот во САД за градска и државна дипломатија.
Глобалниот парламент на градоначалници, преку вклученоста во Обединетите нации, ОЕЦД и бројни меѓувладини институции, ги промовира и спроведува предлозите на градоначалниците, црпи искуства од успешно спроведените активности од градоначалниците ширум светот, и гради политики со оглед на тоа што градовите со својот придонес од над 85% во БДП имаат клучна улога на глобално ниво.