сабота, 27 јули 2024

Данци ги тужат полицијата и министерството за надворешни работи поради извозот на оружје во Израел

Неколку невладини организации во Данска поднесоа тужби против данската полиција и министерството за надворешни работи за да се сопре извозот на оружје во Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оксфам Данска, Амнести интернешнел Данска, Мелемфолкелигт Самвирке (Екшн еид Данска) и палестинската организација за човекови права Ал Хак се вклучени во тужбата, се наведува во соопштението за јавност.

„Постои јасен ризик дека оружјето и воената опрема кои Данска директно и индиректно ги извезува во Израел ќе бидат користени за вршење тешки злосторства над цивилите во Газа. Правејќи го тоа данските власти ги кршат меѓународните правила за трговија со оружје и ризикуваат да станат соучесници во кршењето на меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи вршење воени злосторства и веројатно геноцид“, се наведува, меѓу другото, во соопштението на поднесувачите на тужбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ