сабота, 27 јули 2024
Со одлука на Управниот суд

Дамева се враќа на претседателското место во Судски совет, разрешувањето беше незаконско

Весна Дамева се враќа на функцијата претседател на Судски совет, откако Управниот суд, по нејзината жалба, го поништи нејзиното разрешување оценувајќи го како незаконско. Министерот за правда Кренар Лога ја поздрави одлуката на Управниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

На одлуката на Управниот суд никој нема право на жалба и таа е конечна, велат од судот.

Тужбата на Весна Дамевска е уважена и е поништено од неа оспореното решение на Судски совет. Во повторено одлучување Судскиот совет ќе постапи по напаствијјата од Управниот суд, информираат од овој суд и не даваат конкретен одговор дали тоа значи и нејзино враќање на функцијата, но велат дека поништувањето значи дека повеќе не постои решението за разрешување.

Дамева беше разрешена на 26 април, кога во нејзино присуство, ракводењето го презеде заменик претседателот Селим Адеми со барање да се гласа за нејзино разрешување, повикувајќи се на нејзин придонес за нарушени односи. Со седум гласови Дамева беше разрешена, таа оцени дека е тоа незаконско узурпирање на раководење со седницата и потоа поднесе жалба. Подоцна за претседател беше избран Сашко Георгиев, кој ќе треба на Дамева да ѝ го отстапи местото.

Случајот стана темна точка во критиките и од меѓународните фактори во делот на ионака слабо оценетото правосудство на Македонија.

Министерот за правда Кренар Лога веднаш испрати соопштение со кое ја подрави одлуката на Управниот суд.

„Со решениетго на Управниот суд се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција ѝ се неопходни реформи. Одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на правото“, вели министерот за правда.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ