петок, 18 октомври 2024
Итна седница на Судскиот совет

Дамева се враќа на чело на Судскиот совет, Георгиев ќе биде разрешен по сопствено барање

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева се враќа на чело на советот откако денеска Управниот суд и официјално јавно ја објави пресудата според која Дамева била незаконски разрешена. Откако денеска Судскиот совет одржа работен состанок оттаму соопштија дека е закажана итна седница на Советот. Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се согласува со мислењата на амбасадорите на САД и на Холандија, Анџела Агелер и Дирк Јан Коп во коментар во врска со случувањата во Судскиот совет по последните одлуки на Управниот суд.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На Дневер ред на седницата се ставени три точки.

Првата е констатирање на престанок на мандатот на претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев и тоа по сопстевно барање. Втората точка е постапување по одлука на Управен суд и како трета точка на итната седница е разно.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека се согласува со мислењата на амбасадорите на САД и на Холандија, Анџела Агелер и Дирк Јан Коп во коментар во врска со случувањата во Судскиот совет по последните одлуки на Управниот суд.

„Во однос на Судскиот совет ги делам размислувањата на американскиот амбасадор и холандскиот амбасадор“, одговори на новинарско прашање Ковачевски за последните случувања во Судскиот совет по презентацијата во ТИРЗ на првата странска инвестиција за 2024 година.

На поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева тужителот воопшто не ѝ биле предочени причините поради кои Судскиот совет на седница го поставил прашањето за оценување на нејзината доверба, не ѝ биле презентирани факти и докази, не ѝ било оставено доволно време за да се подготви, ниту пак реално ѝ било овозможено доволно време да презентира аргументи, факти и докази со кои ќе се спротивстави на „вербалните обвинувања“, констатирал Управниот суд во пресудата со која е утврдено дека Дамева незаконски е разрешена од функцијата, а која што денеска беше објавена на веб страницата на судот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ