вторник, 22 октомври 2024

Далматинска вечер во Битола за денот на државноста на Хрватска

Објавено на

часот

Сподели

„Клапа „Жрновница“ доаѓа од истоименото место, предградие на Сплит. Континуирано работи од 2008 година, а е основана од нејзиниот долгогодишен водител, маестро Марко Марин. Нашите гости учествувале на многу фестивали, одржале концерти во Хрватска и во странство, во Франција, Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, Словенија, Чешка, а вечер и во Битола. Клапата негува полифоно пеење на далматинскиот мелос, а во својот репертоар, покрај традиционалните „а капела“ песни, изведуваат и далматински песни со инструментална придружба на мандолина, гитара и бас“, истакна Неда Маретиќ, портпаролка на ХКЦ „Марко Марулиќ“ Битола.

Во програмата за одбележување на денот на хрватската државност, во Битола гостува и народниот театар од Сињ чии актери ќе ја изведат претставата „Семејна идила“.

театар сињ

„Народниот аматерски театар од Сињ е основан во 1956 година и од тогаш до денес, вклучувајќи ја и претставата што гостува во Битола, подготвиле повеќе од 160 премиерни изведби. Овие бројки покажуваат дека овој театар е еден од најактивните аматерски драмски театри во Хрватска, и добитник на наградата на Сплитско-Далматинскиот округ за културна промоција на градот и регионот во Хрватска  и странство“, изјави Маретиќ.

Програмата со која ќе се одбележи денот на хрватската државност се изведува во битолскиот Офицерски дом.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ