петок, 25 октомври 2024

Далиќ: Македонија е вистински тест за нас пред Европското првенство

Хрватскиот селектор, Златко Далиќ ја испофали Македонија, смета дека тоа е идеална селекција за нив во подготовките за Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија и Хрватска договорија пријателска средба која ќе се игра на 3 јуни во Ријека.

Хрватите ќе се подготвуваат за настап на Европското првенство, а за нас тоа ќе биде тест со една од најсилните европски репрезентации.

„Македонија е одличен противник за таа прва фаза од подготовките за Европското првенство. Тоа е селекција која оваа година одигра нерешено со Италија и Англија, што покажува дека ни престои вистински тест од кој ќе дознаеме до каде сме и уште што треба да работиме пред настапот во Германија. Со оглед на подготовките во Ријека, сакавме да играме во Рујевица за да избегнеме дополнително патување, па овој договор исполнува се што сакавме од тоа прво натпревар во јуни“, изјави селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ