сабота, 27 јули 2024
Ѓорѓи Трипков

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Дали се преговара за идентитетот со Бугарија?

Насловот очигледно упатува на изборот на едното од двете - се преговара или не за идентитетот! Се разбира за некого насловот може да биде  погрешно избран и затоа излишен е тексот кој следи понатаму, бидејќи за нив нема дилема дека влезот во ЕУ не ни го загрозува идентитетот и потребно е што побрзо да се донесат уставните измени и  да ги почнеме преговорите.

За другиoт дел од нашите политичари, новинари и други,  влезот во ЕУ, не само заради тоа што  Бугарија тврди дека нема Македонска нација и држава, историја…, туку и заради сето она што ЕУ документот го содржи, ни се доведува во прашање идентитетот, но  и добрососедските односи. Мене почитувани оваа политичка поделба кај нас дома, пред сè произлегува од сериозен недостиг на знаење, како политичко, така и преговарачко, за новинарско да не зборувам. Не сакам да заборавам на приказната, која многу добро ја отсликува оваа состојба во која се најде Македонија  и сега, но и порано бидејки ме потсетува на еден настан од Втората светска војна за кој веќе сум пишувал.

Тоа е моментот кога една мајка со двете ќерки од заробенички логор, се изведени пред  нацистички стрелачки строј. Командирот на таа уништувачка и безмилосна формација, на мајката ѝ нуди да се откаже од едната ќерка за да биде ослободена од стрелање. А што потоа станува со другата ќерка? Мајката треба ли да го одбие предлогот или да го прифати!? Толку за оваа  приказна со толку црна содржина. Кој како сака нека го разбере овој вовед но, за мене тоа упатува на наше сериозно политичко незнаење!

Јас и денес после  француската рамка, прифатена од сите членки на ЕУ, а со која најдобро се изразува суштината преку двата протокола, потпишани од страна на Османи, министерот за надворешни работи на Македонија и повеќе на Косово, ме потсетуваа на приказната од погоре. Со Преспанскиот договор почнавме да го губиме идентитетот (едната ќерка) односно добивме модифициран, прилагодувајќи го на променетото име на државата. Да дообјаснам! Лековерните и недоучени наши политичари, новинари и другите, го заведуваат народот и денес, за да се правдаат себе си, како учесници или поддржувачи на Заев, за споменатата измена на нашиот идентитет, а потоа народот го прават недоветен и глупав. За мене раширеното  мислење, застапувано од Заев, кој сака да се  оправдува за своите кашканици со кои нè премачка, е погрешно бидејќи се тврди дека со решението од член 1, став 6 од Преспанскиот договор сме го сочувале идентитетот. Реално и политички е дека овој член и став ни го определуваат само државјанството, не и идентитетот.

Идентитетот, според овој договор ни е утврден со член 7 став 2, релациски во однос на нашинците од Егејска Македонија и гласи северномакедонски. Така Македонците од северна Грција, каде што тие од памтивека живеат и се чувствуваат како Македонци, станаа Македонци со грчко потекло, со непризнат јазик и култура, со наметнато грчко образование и јазик. Со францускиот предлог кој е прифатен од ЕУ, тој процес треба да продолжи: нема македонски народ и јазик, нема македонска историја и култура или како би рекле нашите соседи македонштината мора да биде уништена од корен. Бугарите очекуваат, потоа како безвредна маса од отстрелани трупови во „логор“, ослободена и од хуманоидноста, ни ја отвораат вратата на ЕУ.

Еве ги понатаму моите аргументи. Некој ќе рече забораваш на геостратегиските интереси и актуелната светска состојбата. Да така е! Но,  јас како човек кој има свои чувства стекнати врз основа на своите минати доживеани емоции, но и на прочитана светска литература за ваквите примери, тоа така го чувствувам и не се согласувам со влезот во ЕУ без мојот идентитет, без разлика на сериозните намери на Бугарија. Некој кој е толку грлат во нашата држава за човекови права, само ми го наметнуваат прашањето кое го поставувам – зошто се настојува моите чувства за идентитетот и за човековите права да ми бидат убиени, обидувајќи се да ме убедат во нешто што не го знаат или пак го знаат ама ги штитат своите интереси за проширување на своите интереси на нови територии. Геостратергиски ли е правото на 20% од нашето население да му се дадат сите права (не само човековите), а на нас Македонците било каде да сме, во Македонија или во Егејска и Пиринска Македонија тие права  да ни се одземат? Имат ли издржан одговор Заев и неговата клика, на чело со свирецот Ковачевски, заедно со целото раководство на ДУИ да одговорат на ова прашање?

Ако  имаат одговор нека го соопштат јавно! Јас одговарам што било да се случи после нивичкиот договор и сега што ни се подготвува со францускиот предлог дека сум Македонец од Република Македонија. После овој мој одговор останува прашањето  што станува со колективниот идентитет бидејќи за него преговараат две комисии кои јас сум убеден дека тие ниту знаат да одговорат на моето прашање, ниту пак ќе го одбранат македонскиот колективен идентитет? Како сум јас сигурен во ова што го кажувам? Едноставен е мојот одговор! Не сум нашол нешто и прочитал што тие јавно го соопштиле или имаат трудови на таа тема. Имам најмалку 1.000 страници текстови и книги што сум ги прочитал. Нека ми простат на мојата паралела што ќе ја изречам. Сите тие се како свирци од глина погрешно направени и испечени како примероци кои не испуштаат милозвучен глас, туку глас на дивината. Се правдаат со тоа дека долго сме чекале за проблемот со името, а од денес понатаму  влезот во ЕУ би бил уште понеизвесен или сл. Ама ако знаеле што треба да се направи порано, од почетокот на 1990-та година, а беа партиски врзани зошто тоа на време не го сторија?

Метафората што ја избрав и која најдобро ги карактеризираат овие политичари и нивните следбеници може да биде вака формулирана: сиромашното стадо кое порано им беше доверено на чување тие попат го изгубиле. На крајот, денес се со намера  да спасат што можат, среќни се и се задоволуваат со  копитата од стадото. Заклучок од метафората: неуки и некомпетентни, недозреани личности од политиката и науката не доведоа таму каде што сме! Некои наши „професори“ за меѓународна политика и поранешни дипломати ни порачуваат: ако сакаш да клоцнеш пес требало да избереш што помал!? Јас на оваа алегорија вака одговарам!  Ако имаш работа со диво (големо) куче, треба да знаеш дека тоа секогаш е подготвено да  си ја брани територијата (своите интереси), па затоа секој тешко се снаоѓа во комуникација со него и може да настрада. Ама ако имаш знаење како со такви кучиња, кои знаат како да си ги бранат своите интереси, лесно ти е да го придобиеш да соработува со тебе. Ние имавме можност и да преговараме поинаку за да го сочуваме името. Значи ако ја знаевме стратегијата за малото  и големото куче или Џиуџицу, едноставно на Грците (големото куче) требаше да се обидеме (ние како мало куче) да им го понудеме името Македонија, само ако тие ни дадат едно од нивните имиња(тие не туркаат ние ги влечеме)- Елада или Грција. Бидејки тешко ќе им беше  да се откажат од нивните имиња и така ќе докажевме дека нема проблем во нашето име и дека резолуциите на ООН се излишни! Можеби после тоа, од страна на посредниците (големото куче) ќе се преформулираше проблемот, па ќе требаше и ние да ја менуваме стратегија…

Јас лично, не сум професор и срекен сум што не делам совети,  зад кои го затскривам своето  незнаењето и го покривам со сработеното под притисок од надвор, како некои од нашите професори, туку ќе се потрудам со странско знаење  за проговарање и наша мудрост да преговарам и за последните проблеми, затоа на граѓаните тука во државата, сакам да им ги претставим накратко проблемите барем да ме разберат. Пред да ги изнесам споменатите аргументи за суштината на проблемот, сакам накратко да се осврнам на поделените мислења за проблемот, со кои јас апсолутно не се согласувам бидејќи таа поделба ја сметам за непотребна и последица на нашето политичко незнаење. Основно е дека политичкиот простор, како и пред Преспанскиот договор и сега, целосно во срж е поделен заради потребата да се задржи власта и продолжи со сопсттвеното богатење. Сè е познато за таа поделба насочена кон  Македонците, бидејќи почива на политичката максима – подели и владеј. На СДСМ ѝ се препушта власта и таа заедно со ДУИ ревносно настојува, како и со Преспанскиот, да ги спроведе барањата на Бугарија, вградени во двата протокола. Првите го застапуваат   многу гласно и нападно ставот за европска Македонија (каква што тие ја замислуваат), а другите се за средување на работитец(одбрана на идентитетот) пред да се внесат Бугарите во Уставот. За мене пак, лично сè би било во ред со нашиот идентитетт ако првиоте би ни ги дале одговорите дали ќе има или не нови уцени од точките содржани во двата протоколи од страна на Бугарија и ЕУ после внесувањето на Бугарите во Уставот?  Би биле мноигу  недостојни овие наши  Санчо-панчовци ако не дадат таков одговор, а да бараат одговор само од ВМРО-ДПМНЕ како ќе го реши спорот со Бугарија. А што ако така како што нè убедуваат,  влеземе во ЕУ со променет идентитет, односно со лага: каква одговорност пред народот ќе прифатат. Од правен аспект прашањето е каква казна посакуват ако нашиот идентитет биде изгубен со приемот во ЕУ бидејќи повторувањато на овие лажни политики, се интелектуално  нерационална одлика на незрели личности. Нека изјават јавно дека се сигурни оти ќе нема промени или загуби на идентитетот и прифаќаат јавно да бидат казнети ако се случат измени. Прифаќаат казна од  по 100 стапа за секого. Некој ќе помисли дека предлагам мерки од 17 век. Да тоа го правам бидејќи тука кај нас секој се бори за власт и за лично  богатење, а без обврски да ги сочува државните интереи и затоа казната е сосема адекватна. Но, во секој случај според мене тие засега се поддржувачи на бугарските интереси и одродените Македонци: некои заради парите од Бугарија и СДСМ (нашиот буџет), а другите заради тоа што толку ги служи умот.

Во врска со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, мора да се каже дека иако се на прав пат, тврдејќи дека нашиот идентитет сериозно е нападнат со протоколите, кои ги потпиша Османи, не водејќи сметка притоа, дека  политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ се поклопуваат во висок степен со интересите на мнозинството Македонци. Сепак јас не сум сигурен колку тие  се подготвени да го одбранат она што го ветуваат. Прво, мислам дека тие доцнат со мерки заради нивната елиминација од страна на СДСМ и ДУИ за консензусот пред да се усвои  францускиот предлог. СДСМ и ДУИ ја преземаа таа одговорност на свои плеќи и затоа сега ВМРО -ДПМНЕ иако е напаѓна од страна на меѓународната заедница, сепак  е во право заради погрешната проценка дека  ДУИ и СДСМ имаат моќ тој предлог да го легализираат во Собранието. Се надеваа дека процесот ќе помине како што помина за Преспанскиотт договор. Но, мора да се спомене дека меѓународната заедница тргна по искуствениот пат таа задача да ѝ ја довери само на позицијата. Во таа насока според мене, меѓународната нема право за неуспехот на СДСМ и ДУИ, вината да ја префрла на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ВМРО-ДПМНЕ   се наоѓа во сериозна ситуација да ги одбрани своите ставови пред ЕУ и светската јавност па макар и да ја освојат набрзо власта. Зошто јас така тврдам? Затоа што јас и пред преговорите со Грција, на раководството на оваа партија, како и на Заев и Димитров, испратив дописи дека се на погрешен пат или не го знаат концептот во неговата суштина, по кој ќе се преговара.

И што стана потоа? Ништо! Ниту едните ниту другите побараа знаење од таму од каде што треба. Не мораше дури ни од мене! Затоа денес некои мои пријатели ми тврдат дека  она што се случи со  ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот, ќе се случи и сега – и тие ќе се согласат потајно со сите предлози од двата документа склучени меѓу Османи и бугарските национал-шовинисти.  Сега само се крева врева за да се дојде на власт. Јас лично не знам што тие ќе направат, ама врз основа на сè што досега споменаа јас сум голем песимист и поблиску сум до оценките на пријателите.

Значи во пракса се докажа дека двете наши национални партии немаат знаење за квалфиквана расправа за националните интереси, при што очигледно и јасно е дека првите се под влијание на Заев, а другите навистина сакаат одбрана на тие интереси, ама немаат издржани идеи како тоа да го направат.

Јас под влијание на споменатите раширени оценки, ставови и препораки, понатаму ќе верглам по ист формат за проблемот, а не и по содржината и исходот. Можеби тоа е начинот да се остварат повисоки признанија за незнаење, што е постојана пракса во Македонија. Ќе споменам еден концепт според кој со Бугарите се преговара  наместо за стопирање на натамошна промена на иудентитетот, но и за подобрување на добрососедските опдноси сè изгледа превртено, а нашите политички свирци не испуштаат глас. Под силна желба и влијание на творците на тој договор со Бугарите Заев и Димитров, кои по чувства за идентитетот се воспитувани како Бугари, а не Македонци имаат намера да се оствари сето она што тие го потпишаа. Познат е  нивниот фамилијарен идентитет.

Само за кратко пред да се осврнам на поентата на концептот по кој најверојатно ќе се преговара ќе споменам едно мое искуство. Често си размислувам зошто ние Македонците сме многу дарежливи и тогаш кога не треба или треба да се преземе нешто да се брани своето (во случајот) идентитотот. За поткрепа на овие мои ставови ви препорачувам да ја погледнете една од последните емисии на Канал 5 „Само вистина“ и обратете внимание на ставовите на претпоследниот градоначалник, кој се залага за комунистичкотто дефинирање на националните интереси – не сме ги утврдиле – што е надвор од природниот процес со кој тие се утврдени според определена хиерархија. Тоа и такво не/знаење пак во моментот не ни одговара и работи за интересите на другиот и создава забуна во јавноста. Еве за ова која е мојата поента! Кога своевремено служев војска во една поранешна северна југословенска  република доживеав една случка која не можам да ја заборавам и денес. Еден пар од постари луѓе од  градот каде служев, кога требаше да купат јаболки, наместо да купат поубави и покрупни од продавница од друга република, се двоумеа и влегоа во нивна продавица и од неа си купија поситни и не така убави. Јас и кај нас гледам што се случува, меѓу нас потрошувачите, ама таков пример не сум видел, а посакувам и ние Македонциуте доследно да го применаме дури и кога бираме меѓу нашите производители и продавачи од семејства кои се против нашиот идентитет. Поуката е очигладна. Порано Заев и Димитров, денес Османи и Хардварецот  Ковачевски, кој бил задолжен за хигиената во Т-мобиле, си го обезбедуваат својот и туѓиот национален интерес, а нема сериозен одговор. Бидејќи нема промена на власта и тогаш кога се прават сериозни грешки,  другиот одговор може  да биде конфискација на нивниот   имот стекнат како властодршци! Но, и на сите поранешни и денешни функционери. кои одлучуваа, а не беа проактивни за ефектите од тие нивни одлуки. Случаи колку сакате.

А сега после многу форма, без поента да потврдиме дека кај нас се преговара за идентитетот,  па потоа на крајот од преговорите ќе уследи влез во ЕУ.  Значи  во текот на преговорите постепено ќе се бара промена на идентитетот, според искуството од  договорот во Нивици. Така претпоставките дека ни е решен идентитетот, пред почеток на преговорите за влез во ЕУ, не се точни. Само е сигурно дека оние кои играат на картата „европеизација сега и веднаш“ очигледно тоа го користат како аргумент за подобри исходи од изборите. Инаку македонскиот народ е за европеизација со сочуван идентитет. Еве ги моите аргументи за изнесеното.

Постои еден концепт кој се базира на пете стожери за одбрана на идентитетот, набројани вака: изразете разбирање за другиот, гради здружување со заеднички интерес, респект на автономијата, признај го статусот и изберете една исполнета одлука  со активности. Она што, јас после ова тука сакам да го споменам е тоа, дека во досегашниот процес, заради политичките и незнаењата за преговарање на Османи и Ковачевски (со диплома од детската градинка на Харвард од Шупли Камен), забележувам сериозни негативни емоции и лекување на фрустрациите на политката, преку преговарањата, кои досега резултираа во јавноста од двете платформи и историската комисија,  Бугарија ги применува споменатите стожери единствено како тие и одговараат само на нивните националшовинистички интереси, а двајцата наши учесници во процесот играат улога дека не ги гледа нашиот народ, иако се веќе инструирани и упатени како да ја играат улогата.  Тие не разбрале дека се преговара за идентитетот тврдејќи дека тој ни е загарантиран.

Ете така почитувани, јас како и платениците на СДСМ, кои го плукаат својот народ и неговиот идентитет си ја одработив својата задача како и нив, само на достинствен, културен и објективен пристап, бранејќи го идентитетот и системот за подобри меѓусоседски односи. На одреден начин соопштив, како и порано што го правев, дека за оваа проблематика расправаат политичари и ги следат новинари и Македонци, но и оние кои се осетливи на својата етничка припадност ама не ги интересира кога се менува идентитетот на Македонците, како на пример кога тоа се случи со Преспанскиот договор, а и сега со преговорите со Бугарија. Заради тоа се наметнува прашањето треба ли евентуална промена на нивниот идентитет во каков било, само не Албанци? Мојата препорака им е пред сè да не се расфрлаат со оценки и  барања за учество во преговорите кои се однесуваат на нашиот идентитет, ако не го познаваат проблемот, па макар да се и некакви си универзитетски професори, новинари или кој било политичар. Нема тука алфанофобија, туку крик против ленинистичко-сталинистичката македонофобија.

Мотивот да го го срочам написот ми беше, мојата загриженост за нашиот идентитет, а не пари од Владата. Но, жалам зошто во јавноста   не се пласираат и други знаења макар и како ова. Повеќето од медиумите не истражуваат нови пристапи иако по природа на своето постоење имаат мисија за утврдување на вистината. Според мене, заради нецелосно познавање на проблематиката и тие шират поделби и невистини околу тоа дали се преговара или не за идентитетот. Така се комплетира состојбата со хаосот пред изборите. За понатамошна обработка на концептот,  треба и повеќе време и потреба да се слушне продолжетокот од процесот, бидејки без тоа сè ќе биде залудно, а може да биде и злоупотребено за нечесни намери од страна на неандерталците од СДСМ и ДУИ. По исходот од целата проблематика и ставањето на Бугарите во Уставот, ќе направиме една подетална анализа на тој процес,  слично како што направивме и после туризмот на нашите политички неандерталци во Нивици при потпишувањето на договорот.

Но, сепак го дал и своето мислење како да се стартува со преговорите со што би се задоволиле барањата на меѓународната заедница. Условно или со фуснота да се додадат Бугарите во Уставот. Во фуснотата да се каже дека секое понатамошно условување кое е надвор од документите од Мастрихт и споменатиот концепт кој обезбедува определена рамноправност во преговорите, ќе значи бришење на оваа фуснота, односно на Бугарите од Уставот.

                                                                        М-р Ѓорѓи Трипков,

економист аналитичар

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ