сабота, 25 јануари 2025

Дали се безбедни морковите за луѓето со дијабетес

Морковите се зеленчук кој не содржи скроб и се добар извор на каротеноиди, еден вид пигмент – соединение кое се наоѓа првенствено во портокаловото и жолтото овошје и зеленчук.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Пигментот во човечкото око, на пример, исто така содржи каротеноиди, нивната антиоксидантна активност помага да се заштити мрежницата од оштетување, истражувањата покажуваат дека каротеноидите можат да заштитат од дијабетична ретинопатија. Дијабетична ретинопатија е болест која може да доведе до губење на видот и е честа компликација на дијабетес.

Според Американското здружение за дијабетес (АДА), бидејќи морковите не содржат скроб, тие можат да бидат корисни за луѓето со дијабетес.

Исхрана богата со алфа и бета каротен може да придонесе за намален ризик од дијабетес тип 2, според студија од 2015 година. Морковите се богат извор на овие каротени, кои содржат 8.285 микрограми бета каротен и 3.477 микрограми алфа каротин на 100 грама зеленчук.

Експертите посочуваат дека морковите можат да бидат безбеден избор за луѓето со дијабетес и за сите други кои го следат нивото на шеќер во крвта.

Шеќерот во крвта или гликоза е количината на шеќер во крвта што доаѓа од храната што ја јадеме. На нашето тело му треба за енергија, но премногу шеќер може да предизвика проблеми. Неконтролираното ниво на шеќер во крвта може да доведе до дијабетес тип 2 или да ја влоши постоечката болест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ