петок, 18 октомври 2024
„Кралевите“ имаат три дена да одговорат за баналната грешка

Дали Реал Мадрид на зелена маса ќе остане без три бода? Хетафе поднесе жалба

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид со 1-0 славеше против Хетафе изминатиов викенд но „кралевите“ на зелена маса можат да останат без трите бода.

Хетафе денеска ја оспори хаотичната замена која ја направи Реал Мадрид во финишот од мечот.

Имено, во 84. минута од натпреварот, Одриозола влезе на местото од Асенсио, двајцата се поздравија, дефанзивецот истрча на теренот, но клупата во последен миг го сопре напаѓачот на самата линија. Повредата на Камавинга ги промени плановите, и Французинот беше тој кој на крајот го напушти теренот а Асенсио продолжи да игра.

Во еден дел од правилата стои дека „замената е направена кога играчот од клупата ќе влезе на теренот“ па Хетафе смета дека кога Одриозола истрчал на теренот замената веќе е направена и Асенсио бил тој кој требал да излезе а на Камавинга.

Комисијата за натпреварување сега ќе го разгледа целиот случај, Реал Мадрид има три дена да одговори на обвинувањата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ