сабота, 27 јули 2024

Дали ова е крајот на кариерата? Ибрахимовиќ опериран и ќе паузира 7-8 месеци

Објавено на

часот

Сподели

Лоши вести за Златан Ибрахимовиќ само неколку дена по освоеното Скудето со Милан.

Напаѓачот денеска го оперирал левото колено во Лион, зафатот бил успешен, но сега го чека долг процес на рехабилитација.

Како што пренесуваат „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ ќе биде надвор од стројот од седум до осум месеци и би се вратил на терените на почетокот од 2023 година.

Големи се шансите ова да е крај на неговата кариера, Милан сега ќе ја чека одлуката на Златан Ибрахимовиќ, дали ќе продолжи да игра фудбал, или ќе се пушти во нови води и ќе стане дел од управата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ