четврток, 12 декември 2024

Дали наместо со решение, ЦСР Охрид со усна одлука им ги крати правата на родителите?

Нема крај на маките на стружанецот Климе Маџароски кој и покрај новата одлука на Апелацискиот суд Битола кој ја укина времената мерка со која Маџароски немаше право да го гледа својот 11 годишен син, тој тоа свое родителско право не може да го оствари бидејќи тоа не му го дозволува семејството на неговата поранешна сопруга. Неговиот адвокат Ѓоко Томоски се сомнева дека Центарот за социјални работи (ЦСР) Охрид самоволно и надвор од законот носи усни одлуки кои не се поткрепени со докази и факти, а одат само во прилог на мајката на детото. МКД.мк веќе пишуваше за овој случај, за кој претходно Климе Маџароски, татко на малолетното дете и неговиот адвокат Ѓоко Томоски, изразија сомнежи дека струшки судија наместо компјутерски, рачно го презел предмет и донел времена мерка на Маџароски да му биде одземен неговиот малолетен син, одлука која е веќе укината од Апелацискиот суд Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатот Ѓоко Томоски вели дека тоа е нарушување на родителското право на неговиот клиент Климе Маџароски да го гледа својот син. Томоски се сомнева дека одговорната службеничка во Центарот за социјални работи (ЦСР) Охрид одлуката ја донела, како што образложила, врз основа на своето долгогодишно работно искуство без при тоа да донесе решение како што налага законот, а и врз основа на судската одлука на судот во Мелбурн, Австралија каде што претходно сопружниците Маџароски се развеле. Во одлуката на австралискиот суд, вели Томоски, никаде не пишува на кого треба треба да му биде доделено детето.

Во одлуката на австралискиот суд во која за потребите на оваа тема МКД.мк имаше увид, меѓу другото пишува дека тогашните сопружниците Маџароски имаат едно малолетно дете.

„Во врска со малолетното дете, судот спроведува соодветно организирање во сите околности како што е “, се наведува во пресудата на австралискиот суд во Мелбурн.

Ваквата одлука на австралискиот суд е признаена од македоснките судски органи.

,,Судот изјавува дека во поглед на единственото малолетно дете на странките родено во 2013 година постојат соодветни аражмани за грижа, добробит и развој на детето. Ова  одлука се изедначува со одлука донесена од суд на Република Северна Македонија и истата произведува правно дејство“, вели адвокатот Томоски цитирајќи ја пресудата на австралискиот суд.

Сомневајќи се во законитоста на одлуката на ЦСР Охрид, Томоски во отворено писмо до министерот за социјална работа, демографија и млади, Фатмир Лимани бара вонреден надзор на работата на охридскиот центар и врз работата на одговорната службеничка за случајот Маџароски. Во писмото меѓу другото се вели дека во контректниот случај грубо се кршат правата на детето од страна на неговата мајка,  потпомогната од нејзиниот татко на начин што малолетниот син на Маџароски повеќе од десет дена е затворен во домот на неговиот дедо по мајка, а веќе втора недела не оди ниту на училиште.

„Со ова се кршат и родителските права  на таткото Климе Маџароски на начин што не му се дозволува да го гледа и да го контактира детето и како татко не знае што се случува со неговиот син. Ова сето е потпомогнато од поединци вработени во ЦСР Охрид кои го водат случајот со нивниот индолетен однос. Од страна на мојот клиент како лично така и преку ЦСР Струга  се упатени безброј барања и укажувања до ЦСР Охрид дека се кршат правата на детето и на таткото од страна на мајката, но истиот не носи никакви одлуку туку само усно одговараат дека се работи на предметот  и дека неможе веднаш да се постапува туку дека се потребни неколку месеци за тоа. Не сакаме да веруваме дека во 21 век може да се случува во вакви институции, поединци, вработени во нив да се однесуваат на овој начин“, се наведува во отвореното писмо.

Во име на таткото Климе Маџароски, адвокатот Томоски преку писмото прашува што треба да се случи за Центарот за социјални работи Охрид да почне да постапува по овој предмет. Тој истовремено потсетува дека имаше и обид без согласност од таткото, детето да биде изнесено од Македонија, настан кој е пријавен во МВР Струга, а евидентиран и потврден и од страна на ЦСР Охрид.

„Иако според англосаксонското право и мајката и татко имаат двојно старателство, бидејќи бракот е разведен во Австралија, нема одлука од надлежен суд на кој родител му е доделено детето. Зато уште еднаш ве замолуваме да постапите согласно вашите надлежности бидејќи ваквиот однос на институциите е спротивен на закон и време е  секој да ги понесе последиците од  неговото  непостапување или постапување спротивно на закон. За сето изнесено и за секој збор напишан во ова отворено писмо подготвени сме во секој момент да го покрепиме со соодветни докази“, се наведува во писмото на Маџароски упатено до министерот за социјална работа, демографија и млади, Фатмир Лимани.

МКД.мк веќе пишуваше за овој случај, за кој претходно Климе Маџароски, татко на малолетното дете и неговиот адвокат Ѓоко Томоски, изразија сомнежи дека струшки судија наместо компјутерски, рачно го презел предмет и донел времена мерка на маџароски да му биде одземен неговиот малолетен син.

Искра Опетческа

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ