сабота, 27 јули 2024

Дали на обвинителката Ристоска ѝ се ниша функцијата, Советот на обвинители расправаше по нејзините јавни критики

Објавено на

часот

Сподели

Јолевски потврди дека Советот на јавни обвинители разговарал во врска со изјавата на обвинителката Ленче Ристоска дека во Советот на јавни обвинители сњ тргува со влијание.

„Разговаравме за содржината на изјавата и дали таа соодвтствува со етичкот кодекс. Одлучивме изјавата да биде пратена до Етичкиот совет на Јавното обвинителство и тој да се произнесе дали е прекршен кодексот од страна на Ристоска. Оттако ќе ја добиеме нивната одлука ќе закажеме седница на која ќе донесеме конечна одлука. Ние како совет не може да казнуваме. Затоа ова е претходна фаза во која ние проверуваме што кажала обвинителката. Таа го споменува Советот на јавни обвинители, тргување со влијанија, а при тоа не дава конкретни докази кој го вршел тоа ако воопшто го вршел. Ние не сакаме да биде ставени сите во ист кош. Ако има такви членови обвинителката треба да ги посочи“, изјави Јолевски.

Јолевски кажа дека уште од 2008 година се зборува дека Советот на јавни обвинители работи под притисоци но, како што рече тој, никој не понудил конкретен доказ дека тоа е така.

„Токму обвинителката Ристоска беше избрана од овој совет за обвинител во 2013 година. Исто така беше избрана и за специјален јавен обвинител. И ние во советот не велиме дека не треба да се критикува туку тоа треба да се прави со аргументи. Еве јас, не сакам да ме ставаат во ист кош со сите затоа што никогаш со никого не сум стапил во контакт. Токму овој совет е тој што трпи критики зошто ги одложува седниците а ние ги одложуваме затоа што не го добиваме сите извештаи за работа на обвинителите. Меѓу нив се и Ленче Ристоска и Љубомир Лапе. Од нив, од кога во 2019 година овој совет ги врати во матичните обвинителства до сега, еве веќе три и пол години не сме добиле извештај за тоа што точно работат“, изјави Јолевски.

Претходно, обвинителката од скопското јавно обвинителство, Ленче Ристоска на научна конференција кажа дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание.

Советот на јавни обвинители од формирањето во 2008 досега потфрли во исполнувањето на примарната функција, професионализација на Јавното обвинителство и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите. Затоа советот треба да се реформира и да се разгледа опцијата да биде ад хок тело кое ќе се состанува по потреба. Сè додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал“, кажа Ристоска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ