сабота, 27 јули 2024

Дали мотивот на беззаконието со концесиите за Иловица е апетитот на ДУИ, Еколог да стане нов концесионер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„Имено, едната концесија на Еуромакс не е одземена иако не е испочитуван рокот за отпочнување со работа. Наместо тоа, со Одлука на Влада објавена во Службен весник од 4 јули 2023 се врши спојување на двете концесии. Дали мотивот за вакво беззаконие се крие во апетитите на ДУИ за грабеж на природните богатства преку фирмата Еколог, која сега ќе стане нов концесионер во Иловица?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат зошто досега не се одзема едната концесија за експлоатација на Еуромакс, зошто наместо тоа, Владата донесе одлука за спојување на двете концесии во една од кои едната од нив е неважечка?.

Од ВМЕО-ДПМНЕ апелираат до истражните органи „сериозно да се позанимаваат со ваквиот грабеж на природните богатства на Република Македонија!“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ