четврток, 26 декември 2024
Напаѓачот се налути откако беше повлечен од игра

Дали Мбапе го навреди Луис Енрике?

Килијан Мбапе се налути на дербито против Марсеј откако предвреме беше повлече од игра, напаѓачот не се поздрави со Луис Енрике и прокоментира нешто кога го напушти теренот.

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ синоќа со 0-2 славеше на гостувањето кај лутиот ривал Марсеј, но главна тема е потегот на Килијан Мбапе, кој се налути откако беше повчеле од игра на средината од второто полувреме.

Напаѓачот не сакаше да се поздрави со Луис Енрике и прокоментира нешто кога го напушти теренот, а потоа си замина во соблекувална.

Многумина сметаат дека Килијан Мбапе упатил навреди на адреса на тренерот.

Запрашан за какви навреди станувало збори и дали разговарал со фудбалер, Луис Енрике рече: „Не слушнав ништо, не знам за што мислите“.

Тој потоа додаде: „Една иста песна секоја недела. Ја сум тренерот, јас ги носам одлуките и ќе продолжам да го правам тоа до мојот последен ден во Париз“.

„Секогаш се обидувам да го најдам најдоброто решение за тимот. Доколку не ги разбирате моите одлуки, тоа е ваш проблем“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ