понеделник, 21 октомври 2024

Дали и другарка на Костадиновска Стојчевска се „гоштевала“ со народни пари, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Кој сѐ престојувал во луксузниот трособен стан во Виена, Австрија со поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, праша денеска на прес конференција пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Од партијата се сомневаат дека Костадиновска Стојчевска со себе водела блиска другарка.

Објавено на

часот

Сподели

„Од копијата од резервацијата која лично Антоанета ја поднела во Министерството за култура со цел да ги оправда потрошени пари од службената картичка се гледа дека е направена од Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка по англиски јазик од Битола, другарка на Бисера Антоанета. Се поставува прашањето дали Бисера Антоанета изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи наместо хотел кој е далеку поевтин, за со неа да ја шета и нејзината другарка со народни пари?Зошто Бисера Антоанета службената картичка си ја користела за приватни прошетки и забава? Кој сѐ патувал со Бисера Антоанета на државен трошок во Виена и кој сѐ спиел во луксузниот трособен стан?“, праша Лефков на прес конференцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаат повеќе детали за тоа како Костадиновска Стојчевска трошела народни пари и најавија дека за тоа јавноста ќе ја информираат утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ