сабота, 27 јули 2024

Дали членови на комисиите за музејска дејност и визуелна уметност се наставник по англиски јазик и студент, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Четврти ден по ред Бисера Костадиновска Стојчевска молчи и не ги кажува имињата на членовите на комисиите кои се потпишале на скандалозната годишна програма на Министерството за култура. Педесетина лица кои никој не ги знае бидејќи се тајни ќе наплатат хонорар од 4,5 милиони денари, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Дали Костадиновска Стојчевска свесно ги крие бидејќи ќе се дознае дека членот на комисијата за музејска дејност е наставник по англиски јазик, или пак дека членот на комисијата за визуелни уметности е студент? Доколку се испостави дека ова е точно, тогаш јасно е дека членовите на комисиите се всушност ставени по политичка препорака, а не поради нивна професионалност, стручност и компетенција, за да може Костадиновска Стојчевска лично да си носи свои одлуки при избор на проекти за годишна програма. Со ова се фрла дамка на целиот процес на избор на проектите за годишната програма на Министерството за култура. Дополнително што треба да се одговори е како може чистењето на шкртаниците од Шарена револуција токму од овие членови да е оценето како проект во културата и награден со 900.000 денари, додека манифестацијата Рацинови средби, втора најголема книжевно поетска манифестација со традиција од 60 години од 600.000 денари во 2017-та година, е падната на бедни 86.000 денари поддршка од министерството.

Како може меѓународен форум да добие помалку средства за разлика од физичко лице кое доаѓа од истиот град како и министерката Костадиновска Стојчевска за проектот ‘Азбучен споменар’ за кој министерството дало повеќе од 1.100.000 денари.

Или пак, случајот со одобрените 30.000 евра за финансирање на активности на драмски фестивал во друга земја, во Косово, а во исто време домашните театри se поддржани со десет пати помали средства. Се даваат пари и се наградуваат анонимуси, за разлика од реномирани манифестации кои имаат децениска традиција а на кои им се кратат средства. СДС sedum години во Mинистерството за култура создаде целосен пустош. Во културата никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме#, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ