сабота, 27 јули 2024

Далас загуби без Дончиќ, историска ноќ за Џордан Хокинс (ВИДЕО)

Далас на свој терен загуби од Њу Орлеанс со 118-108, во отсуство на Лука Дончиќ, неочекувана ѕвезда на мечот беше кошаркарот на гостите, Џордан Хокинс.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Дончиќ поради повреда пропушти уште еден меч за Далас, а за разлика од претходниот, неговиот тим овојпат беше поразен.

Натпреварот беше неизвесен, двата тима се менуваа со водството, имаа свои периоди, а на крајот финишот им припадна на гостите од Њу Орлеанс.

Личен рекорд во НБА постави 21-годишниот Џордан Хокинс кој беше најефикасен на мечот со 34 поени. Во составот на Далас најдобари поединец беше Ирвинг со 33 поени.

Резултати:
Бостон – Хјустон 145-113
Атланта – Вашингтон 99-127
Мемфис – Њујорк 94-106
Милвоки – Голден стејт 129-118
Оклахома – Орландо 112-100
Далас – Њу Орлеанс 108-118
Сан Антонио – Чикаго 116-122
Јута – ЛА Лејкерс 132-125

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ