петок, 26 јули 2024

Далас третпат ја победи Минесота и дојде на чекор до големото НБА финале (ВИДЕО)

Со одличен финиш на мечот, Далас со 116-107 го совлада тимот на Минесота и поведе со 3-0 во финалната серија од западната конференција, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг повторно беа главните кошаркари на тимот од Тексас.

Објавено на

часот

Сподели

Далас водеше во најголемиот дел од мечот, но минесота успеа да се врати на почетокот од последната четвртина поведе со 92-89. Сепак кога беше најпотребно домашните кошаркари на крилјата на публиката се кренаа и со одлична серија дојдоа до победата.

Беше 104-104 кога Далас почна серија, до крајот на мечот тие постигнаа 12 поени, а Минесота само три. Конечниот резултат беше 116-107.

Дончиќ и Ирвинг дадоа по 33 поени, во составот на Минесота најдобар беше Едвардс со 26 поени, а потфрли Таунс кој имаше само 14.

Далас води со 3-0 во серијата со Минесота, исто како и Бостон против Индијана. Досега никој во историјата не се вратил од три негатива, па доколку не се случи епски пресврт досега невиден во НБА, финалето ќе биде меѓу Далас и Бостон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ