недела, 26 мај 2024

Далас се врати од -31, поведе, па на крајот загуби (ВИДЕО)

Далас и Лос Анџелес Клиперс одиграа драматичен меч кој го добија гостите со 116-111, Кајри Ирвинг имаше фантастична партија, но домаќините ја испуштија предноста на домашен терен.

Објавено на

часот

Сподели

Лос Анџелес Клиперс го вратија брејкот и си ја вратија предноста на домашен терен откако ноќеска славеа во Далас.

Домаќините имаа очаен старт на мечот, во првата четвртина Далас постигна само 16 поени, а прими 39. Во текот на вториот период Клиперс дојдоа и до предност од 31 поен, беше 55-24. Тогаш почна да игра Ирвинг и со фантастична серија да ја топи предноста на противникот.

Во финишот од мечот Далас комплетно го сврте мечот, поведе со 105-104, но тогаш Џејмс Харден влезе во фантастична серија и ја донесе победата на Клиперс од 116-111.

Искусните Пол Џорџ и Џејмс Харден беа најдобри кај Клиперс, постигнаа по идентични 33 поени. Во составот на Далас убедливо најдобар беше Ирвинг со 40 поени, Дончиќ реализираше трипл-дабл со 29 поени, 10 скока и 10 асистенции, но Словенецот имаше лош процент на реализација, особено во ударот за три поени, шутна девет пати, а погоди само еднаш.

Сега серијата е израмнета на 2-2, следниот меч се игра во Лос Анџелес.

Минесота е првиот тим кој се пласира во следното коло од плеј-офот откако со перфектни 4-0 го совлада Феникс. Ноќеска беа подобри со 122-116.

Букер имаше фантастична партија со 49 поени, Дурент го следеше со 33, но тоа не беше доволно за да се избегне и четвртиот пораз. Едвардс кај Минесота беше најефикасен со 40 поени.

Резултати:
Филаделфија – Њујрок 92-97 (1-3)
Далас – ЛА Клиперс 111-116 (2-2)
Индијана – Милвоки 126-113 (3-1)
Феникс – Минесота 122-116 (0-4)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ