сабота, 27 јули 2024

Далас потфрли во финишот, Оклахома го врати брејкот (ВИДЕО)

Дончиќ имаше трипл-дабл учинок, но тоа не му помогна на Далас да ја совлада Оклахома и покрај тоа што водеше во најголемиот дел од мечот, гостите победија со 100-96 и ја вратија предноста на домашен терен.

Објавено на

часот

Сподели

Далас постојано водеше, во текот на последниот период имаше предност и од 80-72, но кога најмногу требаше следуваше пад. Оклахома имаше подобар финиш и на крајот дојде до победа од 100-96.

Лука Дончиќ имаше трипл-дабл учинок, но беше и трагичар бидејќи во самиот финиш промаши за израмнување. Словенецот мечот го заврши со 18 поени, 12 скокови и 10 асистенции, Вашингтон беше поефикасен од него со 21 поен и 12 скокови, потфрли Ирвинг кој реализираше само девет поени, имаше и девет асистенции. Во тимот на Оклахома најдобар беше Гилџус Александер со 34 поени.

Со овој пораз Далас ја загуби предноста на домашен терен која тешко ја стекна. Сега е 2-2, а следниот меч е на теренот на Оклахома.

Бостон е на победа до пласман во финалето на истокот откако со 109-102 победи на гостувањето кај Кливленд и поведе со 3-1.

Тејтум со 33 поени и 11 скокови беше најдобар во составот на Бостон, кај Кливленд, Гарленд постигна 30.

Следниот меч се игра во Бостон.

Резултати:
Кливленд – Бостон 102-109 (1-3)
Далас – Оклахома 96:100 (2-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ