сабота, 27 јули 2024

Далас ја доби драмата со Оклахома и се пласираше во западното финале (ВИДЕО)

Далас и Оклахома одиграа меч со исклучително драматична завршница кое го добија домаќините со 117-116 и ја добија серијата со 4-2 за пласман во финалето од западната конференција.

Објавено на

часот

Сподели

Оклахома беше подобра во првото полувреме, имаше предност и од 17 поени разлика, но Далас одигра многу подобро во вториот дел и го сврте мечот.

Вистинска драма се случуваше во завршните минути од натпреварот кога двете екипи се менуваа во водство, на крајот Далас победи со 117-116.

Лука Дончиќ беше лидер во тимот на Далас со трипл-дабл учинок, постигна 29 поени, имаше 10 скокови и 10 асистенции. Ирвинг и Џонс реализираа по 22 поени. Во составот на Оклахома најдобар беше Гилџус Александер со 36 поени.

Далас во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Денвер и Минесота кој вечерва играат мајсторка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ