сабота, 27 јули 2024

Далас испушти водство од +19, нов пораз од Голден стејт (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Далас цело време водеше во текот на првите три четвртини, а во втората на двапати имаше предност и од 19 поени разлика. Предноста почна да им се топи во третиот период, а пресвртот се случи во последната четвртина кога Голден стејт за првпат поведе.
 
Во тие последни 12 поени Голден стејт постигна дури 43 поени и на крајот дојде до убедлива победа од 126-117.
 
Лука Дончиќ имаше одлична партија, постигна 42 поени, Брансон реализираше 31. Во победничкиот тим Стеф Кари беше најдобар со 32 поени.
 
Голден стејт води со 2-0, серијата сега се сели во Далас каде се играат следните два натпревари.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=-uLOaC45xJA autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ