недела, 19 мај 2024

Далас и Дончиќ со пораз ја почнаа серијата против Оклахома (ВИДЕО)

Оклахома славеше релативно лесно во првата пресметка против Далас во полуфиналната серија на западот, тие победија со 117-95, со очекуван триумф почна и Бостон на истокот кој го совлада Кливленд со 120-95.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Дончиќ не беше на своето ниво, одигра повеќе од 40 минути, но постигна за него скромни 19 поени, имаше и девет асистенции, поефикасен во составот на Далас од него беше Ирвинг со 20 поени.

Главна ѕвезда на мечот беше кошаркарот на Оклахома, Гилгеус Александер кој постигна 29 поени, а имаше и девет скокови и девет асистенции.

Израмнета беше првата четвртина, потоа Оклахома се одлепи и ја чуваше предноста до самиот крај за сигурен триумф од 117-95.

На истокот Бостон со 25 поени разлика беше подобар од Кливленд, 120-95. Браун со 32 поени беше најдобар во домашниот тим, кај гостите Мичел постигна 33 поени.

Резултати:
Бостон – Кливленд 120-95 (1-0)
Оклахома – Далас 117-95 (1-0)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ