четврток, 23 мај 2024

Далас и Дончиќ победија во Оклахома, Кливленд го изненади Бостон (ВИДЕО)

Далас направи брејк откако со 119-110 победи на гостувањето кај Оклахома и израмни на 1-1 во полуфиналната серија на западот, големо изненадување направи Кливленд кој исто така славеше гостинска победа откако со убедливи 118-94 го совлада најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, Бостон.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Дончиќ и покрај проблемите со коленото и тешкото движење, дава се од себе, а тоа вчера вроди со плод. Тој постигна 29 поени и имаше 10 скокови, исто толку поени реализираше и Вашингтон кој запиша и 11 скокови. Најдобар во составот на Оклахома беше нивниот главен играч Гилгус Александер кој постигна 33 поени и имаше 12 скокови.

Големо изненадување направи Кливленд кој го совлада Бостон на негов терен со убедливи 118-94 и израмни на 1-1 во серијата.

Мичел беше најдобар во победничкиот тим со 29 поени, Леверт и Мобли постигнаа по 21, во составот на Бостон Тејтум реализираше 25 поени.

Резултати:
Бостон – Кливленд 94-118 (1-1)
Оклахома – Далас 110-119 (1-1)

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ