сабота, 27 јули 2024

Далас и Дончиќ се пред елиминација, трета победа за Голден стејт (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Голден стејт има уште еден чекор до големото НБА финале откако ноќеска по третпат го победи Далас.
 
Натпреварот беше изедначен во голем тек, а клучната разлика гостите ја направија во третата четвртина која ја добија со 30-21. Крајниот резултат беше толку, девет поени разлика, 109-100.
 
Лука Дончиќ имаше уште една одлична партија, но за да атакува на шампионскиот прстен потребни му се подобри соиграчи. Словенецот постигна 40 поени, имаше и 11 скокови, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
 
Стеф Кари беше најдобар во тимот на Голден стејт со 31 поен и 11 асистенции, одличен меч имаше и Вигинс со 27 поени и 11 скокови. Имаше и едно впечатливо забивање преку Дончиќ.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=Cx7cygUQ6Do autoplay:0]
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ