сабота, 27 јули 2024

Далас без Дончиќ го победи Голден стејт (ВИДЕО)

Далас ја продолжува добрата форма во финишот од регуларниот дел од сезоната, овојпат без својот најдобар кошаркар, Лука Дончиќ го совладаа Голден стејт со 108-106.

Објавено на

часот

Сподели

Далас почна одлично, во текот на првиот период имаше предност и од 16 поени разлика, беше 29-13, но следуваше неверојатна серија на Голден стејт кој ја доби првата четвртина со 32-31.

До крајот на мечот двете екипи се менуваа во водство, борбата беше неизвесна, во последните 12 минути Далас беше подобар и на крајот славеше со 108-106.

Пи-Џеј Вашингтон беше најефикасен кај Далас и на натпреварот со 32 поени, Стеф Кари кај Голден стејт реализираше 28.

Резултати:
Шарлот – Орландо 124-115
Индијана – Оклахома 126-112
Вашингтон – Портланд 102-108
Бостон – Сакраменто 101-100
Чикаго – Њујорк 108-100
Хјустон – Мајами 104-119
Мемфис – Детроит 108-90
Милвоки – Торонто 111-117
Њу Орлеанс – Сан Антонио 109-111
Далас – Голден стејт 108-106
Феникс – Минесота 97-87
ЛА Клиперс – Јута 131-102

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ