петок, 26 јули 2024

Дакар тргна со три жртви

Објавено на

часот

Сподели

Луис Марсело Солдавини (37) и неговиот 11-годишен син Томас го загубиле животот откако се срушил мал авион што ги надлетувал натпреварувачите на трката. На завчерашното отворање на релито Дакар, прва жртва беше аргентинскиот мотоциклист Хорхе Мартинес Боера, со што релито потврди дека е еден од најопасните настани на светот.

Од 1979 година, од кога се вози релито Дакар, релито зеде 59 жртви, од кои 20 гледачи. Новата трагедија на традиционалниот спортски настан во почетокот на секоја календарска година ги остави во сенка победите на етапите на ланските победници на релито, Насер Ал Атијах кај автомобилите, односно Марк Кома кај мотоциклистите.

Ал Атијах го мина 290 километри долгиот специјал од Санта Росе до Сан Рафаел во Аргентина за 2,47 часа. Лидер по две етапи во генералниот пласман е Стефен Петерхансел (Франција), кој на втората етапа заврши со 54 секунди послабо време од победникот. Трет беше Американецот Роби Гордон, кој заостана со 2,42 минути.

Кај мотоциклистите, Кома со 3,07 часа победи на етапата и така го презеде водството во генералниот пласман од Чилеанецот Франциско Лопес. Зад Кома се пласира Сирил Деспре со заостанување од 1,18 минути, а третопласиран е Шпанецот Џоан Бареда со 2,33 минути задоцнување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ