четврток, 7 ноември 2024

Дачиќ за протестот во Нови Сад: Сите виновници за насилството се снимени и ќе бидат процесирани

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека синоќа на протестот во Нови Сад дојде до драстично нарушување на јавниот ред и мир и до напад и уништување на објекти, и дека извршителите се снимени и дека ќе одговараат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека тој кажал дека собирот не бил пријавен што е законска обврска, и дека на него дошло и до загрозување на имотот и напади на полицијата, „а пред сè нарушување на угледот на Србија, поврзано за државното знаме“.

Во соопштението на сајтот на српско МВР пишува и дека Дачиќ кажа дека „припадниците на полицијата покажале воздржаност и дека реагирале само во случај на потреба да одбијат напад“.

„Сите виновници за насилството и извршители на кривични дела и прекршоци ќе бидат приведени и ќе бидат поднесени кривични и прекршочни пријави. Сите дела се снимени и извршителите ќе одговараат“, кажа Дачиќ.

Претходно новосадската опозиција соопшти дека сликата на тој протест нема да биде нарушена од „дивеењето на режимските хулигани“ кои со часови ја демолираа Градската куќа и дека почнал да тече рокот од 48 часа за исполнување на барањата од протестот за оставки и сменување на одговорните за жртвите на Железничката станица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ